„Тажно е“: Очевидец сними стотици мртви птици на улиците во Рим

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стотици птици угинаа во Рим, а нивните тела беа на улиците на италијанската престолнина по пукањето на пиротехнички средства за Нова Година. Друштвото за заштита на животните го нарече „масакр“, објави Ројтерс.

Причината не може да се утврди со сигурност, но патиштата во италијанската престолнина се полни со мртви тела птици, главно по огнометот за време на новогодишната ноќ. Меѓународната организација за заштита на животните вели дека ова најверојатно се должи на употребата на пиротехника.

Италијанците побараа забрана за продажба на пиротехнички средства за употреба во затворен простор поради закана за животните.