Теарце осум дена без вода за пиење – мини хидроцентралите ги оставија жителите без решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Теарце осум дена е без вода за пиење. Поплавите кои се случија на 23 јуни го оштетија коритото на реката и потоа трите хидроцентрали изградени во реката Бистрица која поминува по Теарце, ја загадува водата за пиење и како последица на тоа не функционира системот за филтрација, при што над 60% од жителите се без вода.

Директорот на комуналното претпријатие вели дека хидроцентралите го загадуваат речното корито и поради тоа системот за филтрирање не функционира. 

„Има големи штети во нашиот филтер систем и го прекинавме бидејќи е оштетен. Сега ни излезе проблем бидејќи хидроцентралите го чистат коритото и ја загадуваат водата која е многу непријатна за луѓето и мораме да го запреме филтер системот, а Теарце без филтер систем не може да егзистира“, Мефаил Мифтари.

Жителите на Теарце велат дека во време на пандемија и кога температурите се високи тешко им е да одржуваат хигиена и ја изгасат жедта на ова време.

„Осум дена немаме, откако се случија поплавите немаме вода, едвај преживуваме на оваа горештина, има деца, стари луѓе, луѓе кои чуваат добиток дома, и со пандемијава, голем проблем е“, вели жител.

„Општината треба да знае за водата дека нема воопшто, водата е загадена“

Во реката Бистрица која минува низ Теарце изградени се три мини хидроцентрали, а дел од оваа општина се снабдува со вода за пиење токму од оваа река. Во повеќето случаи хидроцентралите испуштаат отпад и водата во ова село ја загадуваат. Слична ситуација кога анализите покажаа дека водата не е за пиење имаше и во текот на 2019.