Тeaтар за деца на албански јазик

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Децата придружувани од своите родители беа среќни поради отворањето на вратите на Театарот за деца на албански јазик во Скопска стара чаршија. „Во светот на бајките“, беше првата прикажана претстава. Во, иднина, според договореното, Општина Чаир финансиски ќе го поддржува Театарот за деца.  Според директорот Бајриш Мјаку, децата Албанци сега имаат можност редовно да ги следат претставите и сето тоа ќе им биде овозможено бесплатно.

Во иднина, од оваа претстава па натаму, Детскиот театарски центар  ќе продолжи да функционира како што функционираше и пред 15 години. Во рамките на овој објект кој го поседуваме, во надлежност на општината Чаир, Театарот за деца на албански јазик, кој е единствен во Македонија ќе започне со работа.“

Меѓу присутните беше и градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити, кој рече дека е неопходно да се зголемат културните активности за децата Албанци. Тој вети финансиска поддршка за овој театар, кој ќе функционира во рамките на општината.

Со време забележавме дека има недостиг на нови претстави и дека нема културни активности за децата од нашата општина. Затоа одлучивме оваа иницијатива да не пропадне и затоа во соработка со Театарот за деца, одлучивме да ги соединиме силите“.

Премиерата на оваа претстава беше прв чекор на Детскиот театарски центар, за нова соработка со Општина Чаир и функционирање преку нови активности на албански јазик.