Техничка неисправност на автобусот или грешка на возачот, можни причини за несреќата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова е човечка трагедија непозната по размери, изјави заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов.

Според него, има две верзии на кои во моментов се работи во врска со несреќата на автопатот Струма. 

Тој вели дека се работи за техничка неисправност или човечка грешка која довела до трагедијата. 

Досегашните информации покажуваат дека во автобусот имало 52 патници Седум од настраданите се сместени во Пирогов, без опасност по животот. 45 загинаа, меѓу кои 12 деца.

„Телата се изгорени до непрепознатливост, треба да се земат примероци за да се утврди идентитетот на секој од нив. Засега немаме информации дека во автобусот патувале бугарски државјани“, објасни тој.