Телефонски разговор меѓу Путин и Макрон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон повторно разговараа телефонски.

Според Би-Би-Си, разговорот траел еден час и 45 минути, соопшти француското претседателство.

Сè уште нема детали за тоа што се разговарало. Двајцата лидери разговараа телефонски во четвртокот, во разговорите кои оставија впечаток на Макрон дека целта на Путин е да ја заземе цела Украина, според француски функционер.

Макрон е еден од неколкуте светски лидери кои разговараа со Путин во последните денови, надевајќи се дека ќе посредуваат за прекин на огнот во Украина.

Претходно, Путин разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој апелираше за итен прекин на непријателствата.

Според Кремљ од повикот, Путин му рекол на Ердоган дека украинските преговарачи треба да заземат „поконструктивен пристап“ на разговорите, „целосно земајќи ги предвид новите реалности“.

„Беше подвлечено дека прекинот на специјалната операција е возможен само доколку Киев ги запре воените операции и ги исполни познатите руски барања“, соопшти Кремљ. Русија ја нарекува својата инвазија „специјална операција“.