Тобијас Мајлер од „Телеперформанца Скопје“ беше гостин во емисијата „Пастел“ на ТВ21 каде објасни за каква компанија станува збор.
Имено, се работи за германска компанија која е најголема светска корпорација за услуга на клиенти, или попознато Кол Центар, кој работи со различни брендови и нуди поддршка на клиентите.
Тој вели дека компанијата била соочена глобално со пандемијата и со цел вработените да останат во добра здравствена состојба се одлучиле да ги преместат од канцелариите.
Компанијата „Телеперформанца“ во Скопје оперира веќе една година и брои над 250 вработени, додека пак глобално бројката е над 300.000.
Доколку зборувате германски и барате долгорочна работа ова е вистинската компанија за вас.
Мајлер посочи и дека компанијата нуди одлични услови и можности за работа, а една од нив е токму и работата од дома.
Повеќе за компанијата и кои се условите за работа погледнете во продолжение:
