ЕВН Хоум од технички причини и на барање на понудувачите за дополнителен период за доставување понуди го одложи за 28 ноември тендерот на кој треба да биде доставена понуда за цената на струјата со која ќе го снабдува универзалниот снабдувач по 1 јануари.
За 27 ноември, како што информираат од ЕВН Македонија, е одложен и тендерот на Електродистрибуција за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во системот. Досега понуда на тендерот на ЕВН Хоум доставуваше државната компанија АД ЕСМ.
Од тоа каква цена ќе понудат и колку од потребите на универзалниот снабдувач ќе задоволат, најмногу зависи какви сметки ќе имаат потрошувачите на регулираниот пазар по 1 јануари. Моментално ЕСМ задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум по цена од 60 евра за мегават час.