ДИК за спроведување на последните избори склучила 22 договори за јавни набавки во вредност од 213.625.656 денари, односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година, покажа истражување за изборите и јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации.
„Тендерите на ДИК за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие избори кога се спровеле поединечно во 2019 и 2020 година.Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи.
Дури 41% од договорите за јавни набавки се поврзани со изборите, а ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање.
Целото истражување на следниот ЛИНК.
