Американскиот државен секретар Ентони Блинлен и највисокиот претставник на Комунистичката партија на Кина за дипломатија Јанг Џиечиј на средбата во американската сојузна држава Алјаска разменија остри критики.
Блинкен истакна дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ги поддржува ставовите на сојузниците против растечката кинеска авторитаритативност.
Тој пред средбата во Енкориџ посочи дека односот на кинеските власти кон Ујгурите во Сиџијанг, кон Хонг Конг, кон Тајван, кибер нападите врз САД и економските притисоци е закана за светската стабилност.
– Сето тоа е закана за поредокот заснован на прописи кои гарантираат светска стабилност. Затоа не се работи само за внатрешни прашања и чувствуваме обврска да зборуваме за тоа, посочи Блинкен како одговор на Пекинг, кој тврди дека тоа се внатрешни прашања на Кина и не се во доменот на дипломатијата.
Јанг го обвини Вашингтон за лицемерност поради критиките кон Пекинг за непочитување на човековите права и за другите прашања. Тој го обвини Вашингтон дека ја користи својата воена сили и финансиска надмоќ за притисок врз другите дрќави.
– САД ги злоупотребуваат така наречените поими национална безбедност за да ја попречат нормалната трговска размена и да поттикнат некои земји да ја напданат Кина, наведе Јанг.
Советникот на американскиот претседател Бајден за национална безбедност, Џејк Саливен пред средбата посочи дека САД не сакаат судир со Кина, но оти „се подготвени и за груба игра“.
Тоа е прва средба помеѓу американски и кинески високи претставници откако Бајден стапи на должноста претседател на САД. На состанококт во Енкориџ присуствува и шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји.
