Тензично во Советот во општина Кичево – опозициските советници обвинуваат за нерегуларности

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денешната седница на советот во општина Кичево почна многу тензично.

Седницата требаше да биде продолжение на претходната, но всушност имаше измена на точките на дневниот ред, Против тоа беа советниците на ВМРО-ДПМНЕ и од Независната листа, нарекувајќи го незаконско потврдувањето на мандатите на новите советници.

„Ова што се случува денеска во советот на општина Кичево е напад врз демократијата“, истакна Агим Садику.

Инаку на минатата седница потврдувањето на мандатите беше меѓу точките на дневен ред,  но денеска тие беа верификувани пред да започне расправата за дневен ред. Тензично  помина гласањето на новите членови на советот од редовите на ДУИ кое се стави на гласање а беа изгласани само од  мнозинството.

Седницата продолжи со незадоволство, а беше претставен и ребалансот н а буџетот при што беше кажано дека е скратен буџетот на општината. Се предвидува реализацијата на буџетот  до крајот на годината да биде над 90%  или според основниот буџет, над 80%.