Тензии во Чаир, прекинат мечот Шкупи-Шкендија – навивачите излегоа на терен и ги нападнаа гостинските играчи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се започна добро на четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија. Навивачката група „Шверцери“ мотивирана за големото албанско дерби ја запали атмосферата од почетокот на средбата.

Но, се пукна во 9. минута кога гостинскиот напаѓач Дашмир Елези постигна гол и се упати кон Шверцерите за да слави.

Тие не можеа да се справат и почнаа да фрлаа предмети, а некои дури влегоа на теренот да ги нападнат играчите на Шкендија.

Ситуацијата стана толку напната што мораше да интервенира и специјалната полициска единица.

Веќе се знаеше дека овој натпревар нема да продолжи и се чекаше само официјална потврда. Додека чекаа, навивачите истакнаа транспарент со натпис „Корумпиран суд“! извикувајќи го името на нивниот уапсен  член Бесим Бела.

Во меѓувреме гостите почнаа да го напуштаат теренот, но едвај влегоа во соблекувалната од огнометот кој беше фрлен кон нив.

Потоа дојде и соопштението дека натпреварот и официјално е прекинат, со што и играчите на Шкупи го напуштија теренот.

Комисијата на ФФМ веднаш одлучи Шкендија да го добие натпреварот на табелата со резултат 3-0. Суспендиран е и стадионот на Шкупи, па избраниците на Гоце Седлоски следните натпревари ќе ги играат на 100 километри од Чаир.

Инаку, попладнево се одиграа уште три натпревари. Струга Трим и Љум ја совлада Брегалница со 2:0 и се пласираше во полуфиналето. Победа над Академија Пандев забележа и Македонија Ѓорче Петров со резултат 1:0 а Силекс на пенали го победи Вардар со резултат 3-2.