Терористички напад во Израел: Едно лице загина, 10 ранети

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Израелската служба за итни случаи денеска соопшти дека едно лице загинало, а десет се ранети во напад со огнено оружје и нож во градот Беер Шева на југот на Израел.

Нападот на централната автобуска станица во градот се случи во пресрет на годишнината од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година што ја предизвика војната во Газа.

Земјата е во состојба на готовност бидејќи се подготвуваат комеморации.

Израелската полиција не го идентификуваше напаѓачот, но рече дека нападот се третира како терористички напад.

Од почетокот на војната, Палестинците извршија повеќе напади во Израел со огнено оружје, ножеви и возила.

Пред неколку дена седум лица беа убиени во вооружен напад во Тел Авив, кога Палестинец отвори оган врз група луѓе, исто така на автобуска станица.

Напаѓачот бил убиен од припадници на безбедносните сили.