Тешка сообраќајна несреќа кај City Mall

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно возило превртено, друго оштетено е сликата по тешката сообраќајна несреќа денеска кај City Mall.

„Сообраќајката се случила околу 12 часот на булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити мол“ во Скопје. Се судриле две возила и повредени се две лица кои се префрлени во болница“, велат од МВР. 

Од таму додаваат дека повеќе податоци околу причините за сообраќајката, идентитетот, возраста и карактерот на повредите на лицата кои се болница ќе се знае по завршување на увидот.