Тешка сообраќајна несреќа се сличи вчера на патниот правец Битола-Ресен, причините непознати.
Незгода се случила помеѓу патничко возило „ауди-А3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(20) од Битола и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(24) од Битола.
Во незгодата, Д.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
