Вчера (18 март ) околу 18 часот и 45 минути, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал 66-годишниот тетовец М.А. удрило во 22-годишниот тетовец Т.Д. и го напуштило местото, но набрзо потоа возилото било пронајдено.
Повредениот пешак пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Увид извршила екипа од Сeкторот за внатрешни работи Тетово.
