Тетово: 2 починати и 116 хоспитализирани – тетовските пациенти сега се хоспитализираат во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Тетово бројот на хоспитализирани опаѓа овие денови, но не поради тоа што се подобрува состојбата туку поради тоа што пациентите се примаат во Скопје.

Во моментов бројот на тие кои се на кислородна терапија изнесува 116, а 2 пациенти починаа.

„За 24 часа во Тетово имаме намалување на хоспитализирани пациенти, имаме 116 хоспитализирани, сите се на кислородна терапија. За жал имаме 2 починати иако бројката е намалена сепак имаме 2 починати, едниот има над 50 година, а другиот над 80. Бројот на прием е намален, имаме 9 пациенти во последните 24 часа“, истакна Мајлинда Пајазити.

Лекарката Мајлинда Пајазити додава дека за 24 часа во Тетово, 99 пациенти побарале лекарска помош.

„Од овие 116 кои се хоспитализирани само 6 се со една доза вакцина и јас апелирам до граѓаните да се вакцинираат бидејќи ова е единствен начин да се заштитиме“, додава Пајазити.

Иако бројот на починати во Тетово е намален, состојбата и натаму е критична. Поради преоптовареност на болничките капацитети, пациентите од Тетово се испраќаат во Козле, Скопје.