Од денес, сите граѓани, невладини организации и политички партии ќе можат да дадат предлози за имињата на улиците во градот Тетово. Општината денеска објави јавен оглас кој ќе биде отворен до 10 март.
–Денеска официјално е објавен јавниот повик за именување и преименување улици во Тетово. Како што сте информирани, формиравме работна група предводена од мене и уште единаесет членови кои направија се за да стигнеме до тука. Јавниот повик што ќе биде отворен денеска ќе трае до 10 март. Сите граѓани ќе можат да ги испратат своите предлози на електронската пошта во прилог на огласот, со пополнување на прашалник. Прашалникот, граѓаните или групите кои не користат социјални мрежи ќе можат да го преземат и да го достават на адреса на општината, вели Арѓенд Велиу, претседател на комисија за именување улици.
Оваа улица го носи името на Русинот „Јуриј Гагарин“, првиот човек што отпатува во вселената. Повеќето граѓани велат дека ова е смешно и дека треба да се сменат имињата на улиците.
-Овде сум од 1961 година. Ние старата улица ја имаме како „Борис Кидрич“ и добиваме пошта со две имиња. Ако овој разговор е направен пред многу време, нашите партии во кампањата ги користат како акција што можат да ја преземат, но реално треба да се сменат. Ние имаме свои ликови, а нашите сонародници имаат свои. Мислам дека треба да се најде консензус, велат граѓани во анкета.
За имињата на тетовските улици имаше широка расправа, а од општина Тетово велат дека во Комисијата која брои 11 члена се опфатени сите етнички заедници. Од 297 улици во градот Тетово, само 81 имаат имиња.