Во Тетово нема социјални станови бидејќи, како што објаснува министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, општината не аплицирала. Додава дека Владата е отворена за изградба на овие станови, но од општината сѐ уште не добиле никаков барање.
Претседавачот на Советот на Општина Тетово, Бесар Дурмиши вели дека општината е во процес на изготвување на Детален урбанистички план и дека е предвидено да се градат социјални станови во ромската населба.
„Генералниот план ќе одземе околу две години и потоа ќе почнат да се изработуваат деталните планови околу тоа каде да се прошири градот или да се обезбедат дозволи за градба за разни објекти. За социјалните станови го предвидовме индустрискиот пат, дел во кој живее ромска заедница. Почнавме да работиме со архитекти кои се во соработка со општина Тетово за Детален урбанистички план во тој реон. Нормално кога ќе заврши таа процедура… ќе трае 6 месеци, а можеби и повеќе. За тој реон ќе аплицираме во министерството за социјални станови, но ќе разгледаме и други можности со донатори, но и со сопствени средства за социјалните случаи кои се во општина Тетово“, вели Бесар Дурмиши.
Според Дурмиши, во Тетово се потребни околу 100 социјални станови за семејства кои доставиле барање до општината за ваква помош. Тетово нема ГУП од 2013 година, што претставува пречка за добивање дозволи за градење, но и за проширување на градот.
