Вака изгледаа улиците на Тетово утрово.
Многу отпад. Вработените во ЈКП Тетово веќе два дена протестираат, бидејќи 3 месеци не земале плата.
Без да ги земат овие плати, вработените велат дека нема да го соберат отпадот.
На протестот на комунална хигиена денеска им се придружија и вработените од водовод и зеленило.
„Ние сме вработени на водовод Тетово, ги бараме нашите плати кои не сме ги земале и бараме да ни се плати осигурувањето бидејќи немаме ни здравствено осигурување ниту еден ден годишно. Упативме апел до шефот, не не зема воопшто предвид“.
Ние продолжиме со протестот, зборувам во името на сите колеги кои ги претставувам и ме поддржуваат. Протестираме за платите и осигурувањето, три месеци не сме земале плата. Станува збор за август, септември, октомври и ноември. Зборувам за платите, не сме под политичко влијание, да не помисли некој дека сме политички мотивирани, едноставно за егзистенција е ова, немаме ништо друго.
„Ќе продолжиме додека не ги добиеме платите, овде се и од водовод и зеленило, а потоа ќе продолжиме ссо синдикатот за да ги добиеме платите со целосно осигурување и синдикатот мора да дојде, тие не доаѓаат, тие не се јавуваат на телефон, ги подготвуваме сите списоци со име и презиме и ќе ги испратиме до синдикатот и градоначалникот и ќе видиме што ќе се прави, не се работи без плата“.
Општина Тетово вчера излезе со став дека прашањето за вработените ќе се реши со приватниот партнер кој ќе се бави со чистотата на градот, но со работа треба да почне од 1 јануари. Од општината велат дека протестите се политички мотивирани.
Вработените во ЈКП Тетово не земале плата од август, додека отпадот веќе два дена не се собира низ целиот град. Од денеска во Тетово нема да се санираат ниту дефектите во водоснабдувањето.
