Тетово ги „ограничува“ лицата со посебни потреби, немаат пристап до институциите, Касами ветува дека ќе најде решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Да бидеш лице со посебни потреби е голем предизвик, а овој предизвик станува уште потежок за тие кои живеат во Тетово. Тие пријавуваат дека се соочуваат со тешкотии за да имаат пристап до главните институции и ова состојба им ги ограничува можностите за да излезат често во градот и да ги добијат потребните услуги.

„Јас имам многу проблеми, каде и да одам со количка имам проблем бидејќи нема пристап, посебно во болниците нема лифт, има скали и проблем е влезот или доколку одам до продавница да земам нешто тоа претставува проблем и за мене и за другите. Голем проблем е излегувањето на улица или од село да одам во град бидејќи проблем се и тротоарите. Еден ден бев во Тетово и останав така, не знаев каде да одам, ми помогна некој за да се движам. За нас кои сме со посебни потреби треба да се направат тротоари, услови во болниците но и продавниците бидејќи и ние имаме потреба за да купиме нешто но немаме пристап“, вели Хабибе Даути.

Махмут Изаири, лице со посебни потреби и активист, вели дека се соочуваат со недостиг на пристап до многу институции. Иако биле поканети на дебата за вклучување на лицата со посебни потреби во политиката, досега никој не преземал ништо.

„Нашиот град, со жалење можам да кажам, е неподвижен за луѓе со инвалидски колички, тие се принудени да се движат по патот по кој сообраќаат автомобилите, што е исто така опасно. Знаете како се тротоарите за лица во инвалидски колички и за пристап во институции, тешко ни е. Јас лично немав никакви понуди ниту за советник ниту за пратеник, но не во Гостивар, во Струга претседателка на Советот е жена со посебни потреби и е за поздравување што градот Струга го презеде овој чекор, додека другите градови заостануваат во овој аспект.“, изјави Изаири.

Касами се надева дека ќе обезбеди швајцарски проект за помош на овие лица, но исто така нагласува дека доколку не најдат донатор, самите ќе го спроведат проектот за да се осигурат дека овие лица имаат пристап до институциите.

„Ние аплициравме и се договоривме и јавните институции да бидат достапни за овие луѓе, но подоцна се покажа дека проектот бил за изградба на, да кажам, тврди згради и потоа оставивме за да видиме и со швајцарската амбасада и со други донатори што поскоро да се реализира ваков проект со оглед на финансиската состојба на општина Тетово, но тоа не значи дека ќе чекаме до бескрај, доколку не најдеме надворешен донатор ќе најдеме можност за да го реализираме како општински проект.“, вели Касами.

Во Тетово недостига сигнализација за слепите лица, особено звучни семафори. Исто така, нема ниту една институција во која има лице за помош на глувите лица, а оние кои патуваат во инвалидски колички се соочуваат со очигледен недостаток на соодветна инфраструктура.