Тетово ќе биде осветлено од приватна компанија – Касами: Тоа е во интерес на граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавното осветлување во Тетово ќе се спроведе со јавно приватно партнерство. Во јавна дебата организирана од општина Тетово, се дебатираше за можноста за менаџирање на јавното осветлување во Тетово од приватна компанија која ќе биде избрана по  јавниот тендер, рече градоначалникот Билал Касами.

„Поради неможност да се управува од страна на општината поради владината одлука, ние ја искористивме можноста тоа да биде јавно – приватно партнерство. Имаме компанија која тоа го изготвила и за тоа ќе се расправа и во совет бидејќи тоа е во интерес на граѓаните и потоа ќе продолжиме со тендерската постапка“, вели Биљал Касами.

Светлана Петровска, рече дека е направена физибилити студија со која компанијата која ќе менаџира со јавното осветлување ќе ја врати инвестицијата за 11 години, а на почеток мора да инвестира 4 милиони евра.

Засега во Тетово јавното осветлување функционира до полноќ, мерка која е донесена како последица на енергетската криза.