Тетово ќе добие затворен базен – граѓаните: „Ни треба, но приоритет е водата за пиење и канализација“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетово ќе добие затворен базен. Техничкиот премиер Оливер Спасовски, пратеници и функционери од партиите на власт, пред медиумите се фатија за лопата за поставување камен темелник на овој проект. Изградбата на базенот ќе чини 433 милиони денари, а присутните ветија дека проектот ќе заврши о крајот на годината иако рокот за изградба е 18 месеци. Спасовски ја обвини претходната влада на прашањето зошто тетовските села немаат вода за пиење.

Тетовци велат дека затворениот базен е потребен но дека приоритет е водата за пиење, канализацијата и улиците.

“Треба да има улици, канализација и паркинг. Сите услови треба да ги имаме бидејќи овде има луѓе и пари од народот, сите даноци ги плаќа народот“.

“Сигурно дека треба и мислам дека ќе се најде решение за вода за пиење“.

“Јас мислам дека не е потребно, бидејќи немаме вода за пиење“

“Мислам дека треба да имаме базен отворен или затворен бидејќи отсекогаш ни требало“.

Пред секој изборен циклус во град Тетово се промовираат големи проекти како: Театар, Основно училиште, водовод, булевари, но повеќето од проектите по изборите се зборавени и ниту еден проект не е завршен во предвидениот рок.