Ова е новиот трговски центар во Тетово. Вака изгледа приземјето. Многу продавници се затворени, а поголемиот дел од нив се продаваат или се издаваат.
Состојбата не беше ваква пред неколку години, дури беше тешко да имаш продавница тука, бидејќи киријата беше многу висока.
Менсур Арифи, занаетчија, вели дека затворањето на бизнисите доаѓа како последица на недостигот на инвестициите од страна на Владата но и од печалбарите. Повеќето од занаетчиите во градот зависат од печалбарите, а тие немаат заинтересираност за да инвестираат.
„Секој занаетчија е поврзан со печалбарите, тој отвара дуѓан, се обидува да работи, нема работа и го затвара. Се обидуваат да работат но нема, вака се создава економска криза. Платите се ниски во државните институции, минималната плата е 22 илјади денари, а што да очекуваш, овде нема економија, моментално во државата преовладува хаос. Секој занаетчија за да направи свадба треба да работи, и тука одам јас кај другиот, тој другиот доаѓа кај мене и на тој начин економијата е слаба бидејќи ние сме поврзани со печалбарите, а тие не инвестираат, државата нула, потоа имаме над 3.5 месеци празници и во недела да работиме, државата не ни дава 13 плата, занаетчијата треба да даде, што очекуваш овде?!“, вели Менсур Арифи.
Халил Халими, кој има продавница за гастрономија во центарот на градот, вели дека за 10 години Тетово се испразнило. Жал му кога го гледа градот во ваква состојба, односно кога во строгиот центар многу бизниси се затворени, а локалите се издаваат и остануваат затворени.
„Како претприемач со над 30 години во гастрономијата, во последните 10 години има голем пад на работата, не знам како да кажам, порано имаше многу работа, сега многу малку. Нема луѓе. Младите заминале. Продавниците се затворени и самите гледате каква е состојбата во Тетово, не е само кај мојата професија, туку кај сите професии, кај занаетчиите, бутиците, продавниците кои се во трговскиот центар“, посочи Халил Халими.
Халил потсетува дека порано Тетово беше срцето на трговијата, а сега стана како село.
„Центарот на Тетово е за жалење, беше срцето на Албанците, срцето на економијата, сега Тетово се претвори во село. Тоа е за жалење бидејќи јас сум од Тетово и навистина кога го гледам Тетово во ваква состојба, тоа е за плачење. Тетово имаше многу развиена економија, сега сме во центарот на Тетово, но ова не е во ред“, вели Халил Халими.
Слична ситуацијата е и во стариот трговски центар, како и улицата на бутиците, а додека се затвораат бизнисите во Тетово, автобуските станици и аеродромите се преполни со луѓе кои заминуваат од земјава
