Делови од автомобили, гуми и инертен отпад и натаму се фрлаат во Тетово.
Иако општината има одредено посебна локација за овој отпад, неодговорните граѓани и натаму фрлаат околу контејнерите.
-Треба да има поголема ангажираност,бидејќи не гледаат каде фрлаат…
-Во целина не, има ѓубре по улици, во споредба со други места
Не мислам дека е многу чист, да не речам нечист.
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вели дека општината бесплатно го собира инертниот отпад, но граѓаните сепак го фрлаат надвор од корпите за отпадоци.
-Продолжуваме да имаме непријатна појава, во близина на контејнерите каде граѓаните фрлаат секаков вид отпад, уште еднаш ги потсетувам граѓаните дека општина Тетово со одлука на советот без никаква наплата го собира целиот отпад освен комуналниот отпад што се носи во нивните домови“, вели градоначалникот Биљал Касами.

ЈКП „Тетово“ предупредува и на санкции за оние кои ќе продолжат да фрлаат разни материјали на несоодветни места.
-Имаме и несовесни граѓани кои фрлаат околу контејнери, што ни претставува дополнителен проблем, но би апелирал до граѓаните дека ќе има увид од општински инспектори, ќе се фотографираат, а против оние кои фрлаат инертен отпад ќе бидат поднесени кривични пријави.“, изјави Хавзи Ризвани од ЈКП Тетово.

Во Тетово со чистење на градските контејнери се занимава фирмата „Заубермахер“, која го собира и отпадот од домаќинствата, но чистењето на отпадот околу контејнерите низ градот го врши општинското претпријатие.
