Во Тетово учебната година започна со 250 ученици помалку од лани. Најголем недостиг на ученици е забележан во средните училишта, каде оваа учебна година се регистрирани 200 ученици помалку од лани, додека во основните 50 ученици помалку од лани, велат од канцеларијата за образование при општина Тетово.
-Сè на сè, во општина Тетово во прво одделение се евидентирани 921 основец, каде во однос на претходната година бројката е речиси иста, каде имаме намалување за 50 ученици од 2021/2022 година. Што се однесува до бројот на средни училишта, имаме намалување што, за жал, во однос на учебната 2021/2022 година е за 200 ученици, поради миграцијата во западните земји0вели Назми Даути, сектор образование во Општина Тетово.
Само во основното училиште „Скендербег“ во село Порој се пријавени 30 ученици помалку од лани, додека директорот вели дека за осум години бројот на ученици е намален за повеќе од 50%.
-Од нова година до сега 35 ученици се преселиле на запад, тажен факт е што и во овие први денови од учебната година има родители кои ни кажуваат дека нивните деца ќе се преселат на запад. Пред години во ова училиште бројката во паралелка беше меѓу 35 и 40 ученици, додека сега е меѓу 20 и 25 ученици, а да бидеме искрени, ова училиште имало 1500 ученици, сега има 750 ученици, преполовено-изјави Бујар Ислами, директорот на училиштето.
Недостигот на книги и понатаму е проблем во тетовските училишта. Минатата година во Тетово недостасуваа над 20.000 книги, а сега од општината велат дека се пресметува колку книги недостасуваат во училиштата.
