Ова е горна чаршија во Тетово, поконкретно дел од улица 185. Како што може да се гледа од снимките, поради дождот во текот на денешниот ден состојбата на оваа улица е влошена.

Жителите велат дека улицата претходно не била во ваква состојба, туку општина Тетово ја тргнала калдрмата за да ја употреби на улицата на бутиците.
Од септември, оваа улица е во ваква состојба, со прашина кога времето е убаво, а со кал кога има врнежи.

„Како што гледате секогаш кога врне улицата е во ваква состојба. И кога викаме такси не доаѓаат, брзата помош не доаѓа. Состојбата е толку лоша а ние неколку пати се обидовме да стапиме во контакт со градоначалникот на Тетово, но не наидовме на слух. Нема волја, ги зема плочките, побаравме да дојдат да ја средат улицата и ден денес не оставија во ваква состојба како што гледате“.
„Ова е катастрофа, откако ги земаа плочките ни ветија дека ќе ја средат улицата и дека мислаат да ја направат, но ние страдаме. Овде има стари, болни лица. Гледате и самите каква е состојбата, срамота за општината. Нека ја средат бидејќи има работа само една недела, не повеќе. Кога врне но и кога нема врнежи се создава многу прашина, прашината е уште полоша бидејќи ги оштетува белите дробови“.

„Откако ја тргнаа калдрмата од горе и во текот на летото но и во текот на зимата имаме проблеми, кога врне и самите гледате во каква состојба е улицата, не само за пешаците туку и за автомобилите. Постои уште еден проблем кога времето е убаво прашината не убива во оваа населба од горе, станува збор за зона со над 5 илјади жители“.
Од општина Тетово велат дека во текот на мај или јуни ќе започнат работите за асфалтирање на оваа улица со средства добиени од Владата.

„Секако, информирани сме за ситуацијата и веруваме дека според информациите што ги имам, работите ќе започнат во текот на мај, евентуално во текот на јуни. Значи, со поддршка на владата, ќе ја асфалтираме таа улица и жителите нема да имаат никакви проблеми“, вели Бесарата Рамадани.
Жителите на населба 184 денес ни испратија слики од тоа како врнежите од дожд влегуваат во нивните домови.
