Во градот Тетово се евидентирани 12 нови случаи со Ковид-19, од кои два се нови кластери. Според Наим Скендери од Центарот за јавно здравје Тетово, повеќето од случаите се од средна возраст и постари, но има и млади. Поглемиот дел од заразените имаат и други болести, но има и асимптоматични.
„Во Тетово и околина досега имаме 12 случаи со Ковид-19, повеќето од градот Тетово, а другите се главно од општина Теарце и помалку случаи во општина Боговиње и Брвеница. Имаме два нови кластери а другите случаи се од контакт со заразени лица. Главно преовладува средната возраст и постари, но во последно време имаше и млади, од 10 – 20 години. Неколку од нив имаат и други болести но има и такви кои немаат хронична болест и има многу пациенти кои немаат симптоми, нормално има и такви со симптоми, со полесна и потешка клиничка слика“, истакна Наим Скендери.
Во градот Тетово од вчера кога почна полицискиот час до утрово, ниту еден граѓанин не го прекршил полицискиот час, велат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Но, полицискиот час не важи за земјоделците. Тие работат на своите ниви бидејќи пролетта е време на садење на земјоделски култури. Велат дека нивната најголема мака е тоа што немаат каде да ги продаваат нивните производи. Велат дека се дава дозвола едно лице да се грижи за 300 грла овци, но само еден човек не може да се грижи сам за нив.
„Имаме дозвола само за едно лице, не даваат за повеќе, велат дека можам се да направам сам, ние имаме и овци. Кога ги чувавме на поле, велеа дека едно лице може да чува 300 овци, нека дојдат сами да видат дали може или не. Ние се убиваме од работа, не знаеме дали ќе продаваме курбани и тоа што сме саделе, може да дојде работата да ги продаваме и државата да не даде воопшто пари“, посочи земјоделец.
„Под знак прашалник е пазарот, границите се затворени и сме блокирани. Ние даваме труд, имаме големи трошоци да дојдеме до тој производ, но не знаеме дали Владата ќе ја врши својата работа“, додава земјоделец.
Досега во градот Тетово и во околните општини има околу 258 заразени со Ковид-19 и 26 жртви од овој вирус.
