Сообраќајот во Тетово и натаму е отежнат поради неправилно паркирани возила.
Полицијата, за речиси еден месец, изрекла 602 казни, додека пајак службата интервенирала во над 300 случаи. Сепак, сообраќајот се уште е хаотичен. Од СВР Тетово велат дека работат во оваа насока и ги повикува граѓаните на соработка.
-Само во текот на овој месец, од 1 април до вчера, се изречени 602 мерки за лошо паркирање и пограшно паркирање, а пајак возилата кренале околу 300 автомобили кои на директен начин го спречувале слободниот тек во сообраќајот. Така да колегите на терен продолжуваат со превземање на соодевтни мерки, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Од општина Тетово велат дека состојбата е подобрена за разлика од претходно и најавуваат дека следната недела ќе се одржи јавна дебата каде ќе се презентира нова студија за регулирање на сообраќајот.
-Во оваа насока, општина Тетово во соработка со СВР спроведе низа акции за кои можам да кажам дека имаат успешни резултати. Свесни сме дека ситуацијата не е каква што треба да биде, но се работи во таа насока. Следната недела, ние како општина, заедно со институтот за планирање, ќе организираме јавна дебата за студијата за мобилност. На оваа дебата ќе бидат презентирани првите анализи, проблемите со патиштата и рекатегоризацијата на патиштата, изјави Албион Алили, портпарол на општина Тетово.
Само вчера, СВР-Тетово има изречено 50 казни за неправилно паркирање, од кои 35 во градот Тетово. Пред неколку месеци, министерот за внатрешни работи, Панчо Тошковски, најави дека акцијата „Заштитен град“ ќе се одржи во Тетово, со цел регулирање на сообраќајот.
