Граѓаните на Тетово денеска маршираа по улиците на градот, во знак на почин кон 14 лица кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница на 8. септември вечерта.
Маршот почна од градскиот плоштад, каде беа засадени дрвја во знак на почит на загинатите сограѓани.
Групата маршираше се до објектот на опожарената болница. Полицијата не дозволи на учесниците да дојдат до болницата поради опасност да бидат уништени доказите.
По муслимански обичај, учесниците келкнаа и така оддавајќи им почит на починатите. Организатор на маршот беше навивачката група на Шкендија а на него се приклучија и други граѓани.
По маршот и церемонијата на положување венец и цвеќе кај изгорената модуларна болница групата граѓани мирно го напушти местото.
