Тетовци скептични дека ќе добијат јавен превоз – Арифи за годинaва ветува 5 автобуси

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тетовци продолжуваат да се жалат на немање јавен превоз. Велат дека имаат голема потреба од автобуси, но истовремено се скептични дека ова прашање ќе се реши брзо. 

„Секако дека треба да има. Колку време веќе се даваат ветувања, но сѐ е залудно“, истакна граѓанин.

Граѓанин: Недостатокот е голем. Треба да има автобуси, патуваме со такси.
Новинар: Дали автобусот би бил решение?
Граѓанин: Без автобус не може. Добро е бидејќи не го загадува ниту воздухот.

Граѓанин: Теоретски да, но во пракса не, бидејќи околностите покажуваат дека такво нешто не може да се направи.
Новинар: Дали верувате дека општината ќе го исполни ова ветување?
Граѓанин: Нема да го исполни. Песимисти сме, бидејќи многу работи беа ветени, а ниту 10% не е остварено. 

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, пред неколку дена повторно излезе со ветување дека годинава Тетово ќе добие 5 автобуси за јавен превоз. Како што објаснува, превозните средства се обезбедени преку проект добиен од Светската банка.

„Вредноста на автобусите е околу 900 илјади евра и како резултат на овие два проекти, Светската Банка ни нуди и грант во вредност од 27% од реализацијата на овие проекти“, истакна Теута Арифи

Во недостаток на јавни автобуси, граѓаните на Тетово ги користат приватните возила, додека пак, учениците, студентите и жителите од руралните средини патуваат со такси, комбиња и автобуси на приватни компании. Освен на високите трошоци, тетовци се жалат и на метежот во сообраќајот предизвикан од големиот број возила.


 

error: Content is protected !!