Во првите два месеца во 2020 година, во Тетово се нападнати седум лица од кучињата скитници, значи секоја недела по едно лице – говорат податоците од СВР Тетово.
Бројот на нападнатите лица кои не примиле терапија против беснило е многу голем бидејќи тие или не отишле воопшто во болница за да примат вакцина против беснило и за тетанус.
Халил Исмаили, специјалист по инфективни болести, вели дека беснилото е смртоносна болест и поради тоа ризикот за нападнат од кучињата скитници е голем.
Од општина Тетово велат дека го ангажирале операторот „Дог анд Кeт“ за третирање на кучињата скитници и дека досега се третирани 153 кучиња.
Бројот на граѓани кои биле нападнати од кучињата скитници во општина Тетово и понатаму е голем за разлика од другите општина.
