Тиквеш ја прекина соработката со тренерот Христов, помошниците и спортскиот директор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалскиот клуб Тиквеш на денешниот состанок на Акционерското друштво, донесе одлука да ги раскине договорите со тренерот Борче Христов, со неговите помошници Трајче Стојковски, Ванче Шиков, Баже Левков, како и со спортскиот директор Љупчо Трајковски.

Целокупното раководење на клубот од утре го презема ко-сопственикот Цезер Браво, кој ќе раководи со тимот до крајот на сезоната, информираа од ГФК Тиквеш.

„Клубот ќе продолжи да функционира чесно, професионално и во интерес на сите љубители и поддржувачки на ГФК Тиквеш, со јасна цел – стабилност и напредок до крајот на сезоната. Клубот им се заблагодарува на стручниот штаб, неговите асистенти и спортскиот директор за нивниот придонес и ангажман“, стои во објаваа на Тиквеш.