Тинејџер уби тројца ученици во Мичиген

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Три лица, за кои се верува дека се ученици, се убиени во пукање во средното училиште Оксфорд во Оксфорд, Мичиген, соопштија локалните власти.

Други шест се застрелани и повредени, меѓу кои и еден наставник, соопштија властите. Сериозноста на нивните повреди засега не е позната.

Осомничениот напаѓач, 15-годишен ученик, бил приведен во рок од пет минути, соопштија властите. Канцеларијата на шерифот на округот Оукланд соопшти дека е одземен еден пиштол.

Властите соопштија напаѓачот најверојатно дејствувал сам.