Тодоров: Ако имаше став за референдумот, ВМРО-ДПМНЕ ќе беше сега на власт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, соговорник беше Никола Тодоров, поранешен министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека доколку ВМРО-ДПМНЕ имал став околу референдумот, било каков, тогаш бил убеден дека тоа ќе резултира со власт.

Тодоров смета дека огромна грешка е тоа да се нема став, односно да се одлучи „кој како сака“.

„Јас и тогаш советував да се искаже став околу референдумот. Ако тоа го стореа, сега ќе беа на власт“, рече Тодоров.

Целата изјава низ видеото: