ТОП 100 албански компании – Фатмир Битиќи не најде време да биде присутен, а новинарите не беа поканети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прогласени 100-е најдобри во бизнисот од регионот на Северозападна Македонија. Заев, Груби, Џафери, Бесими во првите редови на манифестацијата. Изостана присуството на вицепремиерот Битиќи. Го прашавме дали добил  покана. Одговори потврдно, но рече дека не бил во можност да присуствува поради други работни обврски. Манифестацијата пренесена во хибридна форма. Функционерите  овој пат не беа изложени на новинарите и нивните  прашања. Особено најактуелните деновиве – што ветија, а што сработија за сто дена Влада. Бизнисмените добија порака, да продолжат со храброста дури и во  услови на Ковид.

Продолжете со инвестиции и нови вработувања, рече премиерот. Претседателот на Комората на Северозападна Македонија,Неби Хоџа, не заборави да каже дека  во ова тешко време Комората застанала зад бизнисмените.

„Способноста на водство најдобро се докажува во кризни времиња. Кога во земјата почна да се продлабочува кризата со економски и социјални последици Комората се поштеди да биде блиску до бизнисмените“, истакна Неби Хоџа.

Првиот финансиер Фатмир Бесими упати на сериозноста од кризата во која се наоѓаме.Сепак не го губи оптимизмот. Очекува Владата да го удвои економскиот раст.

„Идната година да одбележиме раст од 4,1 процент од БДП,  да продолжи 2022 со  4,6 и 5,9 во 2025 година  со една стратегија за економско закрепнување..43.05 Сега ќе потпишеме набрзо со  Европската инвестициска банка сто милиони евра за кредити кои ќе важат за идната година“, истакна Фатмир Битиќи .

Потсети дека  глобалниот пад на економијата влијаеше и на нашата економија и со тоа предизвика пад од 14,9 проценти од БДП. Компаниите да продолжат со планираните вложувања  а државата ќе биде зад нив да ги поддржи беше владината порака.  Вкупно 900 милиони евра промет оствариле стоте најдобри компании . Првите десет, постигнале промет во висина од 384 милиони евра а реализирале 66 милиони нето добивка, што е за 17 проценти повеќе од 2018 година. Инаку манифестацијата започна со потсетување на ликот и делото на Енвер Малиќи еден од креаторите и најголемиот поддржувач на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Одредени лица никогаш не згаснуваат и продолжуваат да живеат  меѓу нас, рече премиерот Зоран Заев . Изразувајќи сочувство до фамилијата  потенцира, дека Малиќи беше успешен бизнисмен, хуманист и филантроп, или како што истакна,човек џин кој му се радуваше на животот .Треба да ги следиме неговите дела  порача Заев во обраќањето  на 100 –те најуспешни бизнисмени од северозападниот регион.