„Торбата не ја враќа Милевски кај Камчев“, рече Русковска и прикажуваше докази, реагираше одбраната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителката Вилма Русковска реагираше на исказот на Бојан Јовановски дека торбата ја враќа Зоран Милевски – Кичеец кај Камчев. Таа покажа и снимки од надзорните камери на Камчев, каде што според Русковска, се гледа дека прво влегува Јовановски, па потоа Милевски.

На ова реагираше одбраната која што истакна дека сега не смеат да се приложуваат докази, туку тоа требало да биде ставено во доказна постапка.

Русковска меѓу другото истакна дека има докази дека торбата со милион евра завршува во домот на родителите на Јовановски. Од таа торба наводно биле извадени 5.000 евра во апоени од 50 евра.