Тошковски: Државава душмански била крадена од голем број на луѓе, особено функционери

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Државата душмански била крадена од страна на голем број на граѓани, особено функционери, бизнисмени“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Тој рече дека во овој период од 100 дена, Врховен судија завршил во затвор, а еден член од Советот за јавни обвинители бил отстранет од работа поради злоупотреби на службената положба.

„Во изминатиот период за оние 100 дена кои ги имавме, драго ми е што се успеа правосилно да се заврши со една постапка, која што на крајот процесиуриаше три години затвор за Врховен судија за злоупотреба на позиција и е отстранет од работа еден член од Советот за јавни обвинители. Тоа е конкретно на дејствија кои се преземени од МВР“, рече Тошковски.