Тошковски: Граѓански претставки открија нерегуларности во издавање дозволи за поседување на оружје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес-конференција рече дека лично до него и кабинетот стигнале претставки од граѓани за начинот на кој во МВР биле спроведувани постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје.

„По извршена темелна истрага од страна на Комисија која спроведе ревизија за претставките, се констатираше дека кај огромен број на предмети, над 5.000 предмети не било постапувано во минатото, а притоа, голем број предмети кадешто апликантите не исполнувале услови им била давана дозвола за оружје“, рече Тошковски.

Тошковски објасни дека селективно се постапувало само за предмети за кои интерес имал конкретен полициски функционер да даде наредба, а тоа не се правело хронолошки. Вториот проблем, рече Тошковски, се однесува на конкретни лица кои не посадувале законски услови кога им биле давани дозволите.

Министерот најави дека во наредниот период ќе следат и кривични пријави за оние за кои постојат докази дека сториле кривично дело.