Тошковски одговара дали од 1-ви јануари ќе се казнуваат оние кои нема да имаат возачка дозвола со „Северна“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Според законот од 01.01.2025 година престануваат да важат возачките дозволи со старото име.

Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21 објасни дали тоа ќе значи дека оние граѓани кои ја немаат сменето возачката дозвола, ќе бидат казнувани.

„Се надевам дека нема да дојдеме до таква ситуација, повторно ќе упатам апел да си ги променат возачките за да ги запазиме законско утврдените роковите за промена на возачките дозволи со уставното име. Максимално ќе апелираме сите услуги потребни, од аспект на капацитет ги имаме обезбедено, нема гужви, ги имаме обрасците, може да се закаже од ден за ден“, рече Тошковски.