Тошковски: Политичка опција која работи спротивно на интересните на граѓаните подгрева тензии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, во „Дејли Клик“ кажа дека има обиди за подгревање на меѓуетнички тензии. Тој рече дека постои политичка оопција спротивно на интересите на граѓаните подгрева тензии.

„Постојат обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, и сите сме свесни за тоа. Но свесни сме дека и МВР соодветно реагираат и ќе реагираат во иднина“, изјави Тошковски.

„Сите овие информации се слеваат институционално и до мене и до премиерот и до претседателот. Сето она кое што како информации доаѓаат од теренот и институционално се слеваат кон нас. Кој, како, зошто, каде се утврдува во рамки на институциите. Но, видливо е дека политичка опција во државата работи и спротивно на интересите на граѓаните, подгрева тензии“, рече министерот за внатрешни работи.