Тошковски за нападот на Сејдини: Не е таа теза која се сака да се прикаже во јавноста

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во „дејли Клик“ на ТВ21 одби да го коментира случајот за физички напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини.

Тошковски само кажа дека не е таа теза што сака да се прикаже во јавноста, и се воздржи од повеќе коментари.

„Во однос на овој случај, не би да откривам детали, и се плашам дека не е таа теза која сака да се прикаже во јавноста, туку е сосема поинаку. Не би сакал да говорам во овој момент во интерес на истрагата. Времето ќе покаже зошто сум воздржан за давање на овие изјави од страна на Сејдини“, рече Тошковски.