Тошковски: За поранешните министри секојдневно се доставуваат докази до МВР за многу голем број злоупотреби

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека секјодневно пристигнуваат докази до МВР за голем број злоупотреби од страна на министрите од поранешната влада.

„Во однос на одредени претходни министри, постојат соодветни докази коишто се уште сме во рана фаза да кажеме дека се процесуирани во вториот чекор потребен да се затвори оваа постапка. За многу голем број на злоупотреби секојдневно се доставуваат докази до МВР. Секој ден.