Tоварно возило изгоре кај Струмица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Товарно возило изгоре денеска во 9 часот во блиизина на струмичкото село Дрвош.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, возилото се запалило во движење, а во гаснењето учествувало едно против пожарно возило и четворица пожарникари.

Предизвикана е значителна материјална штета, а причините за запалувањето на возилото дополнително ќе се испитуваат.