Бебе старо само осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје, откако било донесено од Струмица во тешка здравствена состојба, потврдуваат од Клиниката.
Според информациите, станува збор за предвремено родено дете со мала тежина, кое страдало од тешка сепса.
Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, кратко коментираше дека, за жал, секој ден во болниците умираат бебиња, но не сакаше да навлезе во детали за конкретниот случај.
Се очекува во наредните денови да бидат објавени дополнителни информации за околностите кои довеле до оваа трагична ситуација.