Трагедија во Белгија: Воз удри во училишен автобус, неколку загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во белгискиот град Бугенхаут, во источниот дел од покраината Фландрија, северно од Брисел, утрово се случи тешка железничка несреќа.

Според информациите потврдени за Ројтерс од извор на терен, патнички воз удрил во минибус што превезувал ученици на училиште додека возилото било на премин. Неколку лица загинале, а неколку други биле повредени во жестокиот судир.

Бројни служби за итни случаи и полициски екипи веднаш беа испратени на местото на несреќата, а надлежното обвинителство ја презеде истрагата, која ги утврдува сите околности на оваа трагедија, пишува Скај њуз .

Белгиската министерка за правда, Анелис Верлинден, изјави дека останала без зборови поради оваа ужасна трагедија.

„Изразувам најдлабоко сочувство до сите жртви, децата, нивните семејства и сите погодени од оваа трагедија денес. Им се заблагодарувам на службите за итни случаи и на полицијата за нивниот брз одговор и напорите на терен“, напиша Верлинден на социјалните мрежи.