Двајца браќа се одлучиле да се освежат во езерото Мандек кај Ливно во БИХ, по што починале како последица од давење.
Како што јавуваат медиумите, двајцата браќа со велосипед се упатиле кон езерото да се освежат, после фудбалски турнир. Тоа се случило во понеделникот, а прв во водата влегол 18-годишниот Јосип Маганиќ, Но, не забележал дека е длабоко, па почнал да се дави.
По него скокнал неговиот брат, 24-годишниот Антонио Маганиќ. Двајцата ги снемало во водите, а од луѓето кои биле во близина веднаш почнала потрага.
Најпрво бил најден 18-годишникот, и веднаш бил реанимиран на брегот, додека неговиот брат бил пронајден подоцна, но без знаци на живот. Бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, а подоцна починал и неговиот брат.
БИХ одлучи утрешниот ден во Ливно да биде прогласен за ден на жалост поради оваа трагедија.
