Автобус преполн со патници, излетал и паднал во река во централна Индија, при што загинале најмалку 40 лица.
Во автобусот предвиден за 34 лица, се возеле повеќе од 46 патници. Спасувачите трагат за другите патници.
Во сообраќајни незгоди во Индија, секоја година гинат повеќе од 110 илјади лица.
