11-годишно дете почина во едно училиште во главниот бугарски град Софија, јавуваат тамошните медиуми.
Детето се онесвестило на час, при што медицинската сестра во училиштето повикала Итна помош, но таа кога пристигнала за 10 минути, констатирала смрт.
Немало траги на насилство, немало тепачка, велат од Итната помош. Според нив станува збор за ненадејна смрт. Телото на детето било предадено на обдукција.
Наставниците и децата се во шок, па биле испратени психолози да работат со нив.