Траги од крв и кочење, страотна сообраќајка – две лица загинаа, седум повредени, меѓу нив има и деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тринасетгодишно девојче e најмладата пациентка која е хоспитализирана на Детската хирургија, поради здобиените тешки повреди од синоќешната собраќајна несреќа која се случи пред полноќ. Четири други лица се пуштени на домашно лекување, информираат од Ургентниот центар.

„Траги од кочење автомобили и крв. Ова се трагите од синоќешната несреќа на булеварот „Борис Трајковски“ каде две лица го загубија животот“-јавува репортерката на ТВ21.

13-годишното девојче е во стабилна здравствена состојба, но под постојан надзор од лекарите, вели директорот на Ургентен Центар Албер Леши.

„13-годишнaта пациентка e со повреди на стернумна коска всушност повреда на градниот кош и истата е хоспитализирана во Детската хирургија за понатамошно следење на состојбата. За среќа, состојбата на пациенката во моментов е стабилна и е под постојан мониторинг. Се надевам дека се ќе заврши добро“, вели Албер Леши, директорот на Ургентен центар.

Полицијата приведе едно лице за кое се сомнева дека ја предизвикало несреќата. Се уште се преземаат мерки и активности за да се утврдат причините и евентуалната вина на сторителите.

„Постојано сме по градовите, особено во Скопје за да се санкционираат ваквите прекршители и да се избегнат вакви, за жал ситуации со смртни последици. Апелирам до граѓаните да ги почитуваме собраќајните правила и прописи особено сега кога попуштија сите мерки и почнаа да работат и угостителските објекти, почнаа и со организации на забави. Така што апсолутно мора да внимаваме особено околу конумирањето на алкохол“, вели Ангеловски.

Инаку МВР постојано патролира на речиси сите градови низ Мекдонија. Само вчера во Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина, 26 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци за возачите на мотоцикли.