Трајанов: Процесот на ДУИ-зација и криминализација на државата е веќе зад нас

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сите партии регрутираат такви структури, изјави во Дејли Клик на ТВ21 Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.

„Паролата ние сме подготвени, ми личи на една од втора светска војна, ќе видиме што подготвиле, да не осудуваме нешто пред да видиме за што се работи. ДУИ беше долго време на власт, имаат доста структури и криминали кои се поврзани со нив, како и сите партии како што регрутираат такви структури. Мислам дека ќе преовлада разумноста, мирот и стабилноста на државата“, изјави Павле Трајанов во студиото на Дејли Клик.

Тој додава дека процесот на „дуизација и криминализација на државата е веќе зад нас.

„И најавата на тоа дека ако ДУИ не е на Власт ќе има дестабилизација мислам дека тоа треба да се тргне на страна. Легитимно е тие да протестираат и бараат да бидат дел од Власта“, изјави Трајанов.

ТВ21: Можно ли е тие да станат дел од Власта? Оваа теза ја соопшти и пратеникот Оливер Спасовски со оглед на тоа што во два наврати ДУИ даде поддршка на закони во Собрание за кои беше потребно 2/3 мнозинство.

Павле Трајанов: ДУИ даде поддршка затоа што и тие имаа интерес и тие имаат во Сарај кој што ја напушти и на нив им одговара да нема сега избори, како и на другите партии…

„ДУИ и СДСМ подолго време ќе бидат дел од опозиција, затоа што во власт се вклучени легитимни претставници на албанските политички партии“, заклучува Трајанов.